Проектираните приходи од глоби во 2019 се исти како и во 2018, власта манипулира

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Проектираните приходи од глоби и судски и административни такси во буџетот за 2019 година е ист како и во буџетот за 2018 година. Имено за 2019 година се предвидени приходите од  ставката глоби и такси да изнесуваат 2.093.032.000, додека во 2018 година во однос на истата ставка се предвидени 2.092.182.000 денари.

Доколку СДСМ тврди дека ќе ги намалува казните тогаш од каде планира да ги компензира средствата предвидени во приходната  страна на буџетот за 2019 година.

СДСМ не направи никакви суштински промени за да го подобри животот на граѓаните и постојано носи закони само на хартија.  Граѓаните постојано се жртва на лаги и на манипулации од СДСМ кои ветуваа брда и долини за сега да не исполнат ништо од своите ветувања кои ги дадоа пред граѓаните.

Министерот за внатрешни работи постојано врши притисок врз граѓаните со засилени контроли и казнувања на учесниците во сообраќајот додека декларативно се даваат изјави дека се работи во корист на граѓаните без никакви суштински реформи во ниту една област.

Оваа криминална власт која ги манипулира сопствените граѓани мора да си замине.  Граѓаните имаат можност да и  кажат НЕ на оваа власт на претстојните претседателски избори и да гласаат за Гордана Силјановска Давкова. Мора да им дојде крај на овие лаги и манипулации од страна на ненародната Власт на чело со Зоран Заев.

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре