Претставници на ВМРО-ДПМНЕ во посета на граѓаните низ неколку градови во Македонија

Освен во кавадаречкиот регион, тие ги  посетија и Струмица заедно со општина Василево. Граѓаните од овој регион се пожалија на ниските откупни цени на земјоделството и како резултат на тоа ја искажаа својата разочараност.

Тие истакнаа дека младите поради условите во државата се помалку остануваат и си заминуваат во странство.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ беа и во Берово и во Долнени. И од овие две места граѓаните посочија дека не е направено ништо за нивните населени места.

Според граѓаните,  големите ветувања на власта во периодот пред изборите, сега се претвориле во огромни разочарувања бидејќи нема конкретни проекти, но истовремено се чувствуваат оставени од институциите бидејќи никој не го слуша гласот на обичниот граѓанин.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...