Преку 500.000 луѓе не можат да се прехранат, а Заев ги убедува дека во Македонија тече мед и млеко

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Инвестиции има само во приватните компании на Зоран Заев и картелот околу него кој енормно се богати. Додека тие се фалат со измислени работи, граѓаните стануваат се посиромашни и погладни.

Преку 500.000 луѓе не можат да се прехранат, а Заев ги убедува дека во Македонија тече мед и млеко.

Минатата година се реализирани 405 милиони евра како реинвестирана добивка на веќе постоечки претпријатија, кои се инвеститори во ТИРЗ, што е резултат на добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото. Вистинската вредност на СДИ е само 219 милиони евра или 2.1% од БДП.

Вистинското ниво на странските директни инвестиции во 2018 година е за 4 пати помало од истите во 2008 година.

Од Бермуда и Бахами се влезени ни помалку ни повеќе 68 милиони евра како инвестиции. Кој пере пари и чии пари се перат во Македонија како наводни инвестиции?

Раст од кога СДСМ е на власт нема, затоа е време да си одат во историјата.

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
Најгоре