Пендаровски тврдењето дека е следен сега го релативизира до мера на баналност што покажува дека се плаши од изборен пораз

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Стево Пендаровски

Стево Пендаровски манипулира со јавноста. Тврдењето дека е следен сега се обидува да го релативизира до мера на баналност и со тоа покажува само дека се плаши од изборен пораз па е принуден да се бламира, со тези кои би ги користел како алиби.

Оливер Спасовски и МВР мора веднаш да одговорат која странска, тајна служба го следела Пендаровски. Доколку нема доказ за тоа јавно да кажат дека Пендаровски лаже и ја заплашува јавноста за своја лична политичка корист.

Институциите не смеат да бидат само уште една сламка за спас на власта која тоне.

Граѓаните не му веруваат на Пендаровски. Тој е втор Заев, измислува, заборава, лаже.

Пендаровски е само уште еден политичар кој нема намера да ги почитува Уставот и законите. Република Македонија нема потреба од нов Заев. Државата има потреба од честит претседател, кој ќе работи согласно Устав и закон и ќе делува во согласност со државните и националните интереси.

Поврзани вести

Најгоре