Пендаровски е докажана и продолжена рака на заевизмот

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Продолжуваме со серијалот на цитати на полтронот на Зоран Заев, на поклоникот на заевизмот, Стево Пендаровски.

Не ме интересира организиран пренос на гласови. Тој таканаречен трансфер на гласови кој го договараат партиските лидери не ме интересира! Ова го вели Пендаровски, пред сега да седне во Мала Речица и да моли за контингент гласови!

Почитувани,

Стево Пендаровски во 2016 година пак тврдеше дека нема како што вели „капарисано функција„ ,а веќе по втор пат е кандидат за претседател на државата. Тоа е истиот човек кој што цел живот има некаква политичка функција. За потсетување, во 2014 година одрекуваше дека ќе биде претседателски кандидат на СДСМ, а за време на тогаш неговите редовните негови партиски трибини се фотографираше во Гази Баба со транспарент зад себе на кој што пишува Стево за претседател. И тоа го негираше. Истовремено ги негираше  и страниците за поддршка на социјалните медиуми велејќи дека не знае чиви се.

Почитувани,

Заевизмот не му е непознат на Стево Пендаровски, човекот се што кажуваше во кампањата, потоа го погази со тоа што ги поддржа сите заевистички зафати- од тоа што го одобри консултативниот референдум, за кој што говореше дека такво нешто е невозможно, до промената на името и капитулантскиот договор, за што велеше дека  е невозможен без широк консензус!

Почитувани, Пендаровски е докажана и продолжена рака на заевизмот. Втор Заев ќе значи крај за државата, втор Заев ќе значи аминување на криминалот, економската девастација, губење на се што значи Македонија.

Граѓаните знаат, граѓаните го препознаваат заевизмот кај Пендаровски, и заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе го зададат првиот сериозен удар за спас на државата. Граѓаните сакаат право и правда, а не уште еден кажувам, заборавам, негирам!

Почитувани, крајот им се ближи, Гордана Силјановска Давкова е победник на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ е победник на предвремените парламентарни избори. Да ги испратиме Заев, Пендаровски и заевизмот во историјата!

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...
Најгоре