Околу 150 милиони евра директно од џебот на граѓаните за партиските вработувања на СДСМ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски за Алфа телевизија изјави дека смешни се и очајни обидите на СДСМ и Зоран Заев да дефокусираат од оваа епидемија на непотизам.

-Од дваесетина илјади партиски вработувања по 600 евра плата за секој од нив, тоа се 12 милиони евра бруто износ, на годишно ниво тоа се речиси 150 милиони евра, директно од џебот на граѓаните за плати за партиските вработувања на СДСМ, вели Арсовски.

Тој додава дека Заев иако заборавил на неговата изјава дека се направени 28.000  вработувања во изминативе години, кои што вработувања се направени преку општинските организации на СДСМ и факт е дека за овие партиски вработувања се одлучува директно од штабовите на СДСМ.

-Фросина Ременски го унапредува својот кум во ЕЛЕМ, братот на пратеничката на СДСМ од Виница Славица Митева, вработен како царински службеник во Штип, позната Мира Дизел Стојчевска си ја вработи речиси цела фамилија, посочи Арсовски

Арсовски истакна дека практично со доаѓањето на власт целото раководство на СДСМ си ги вработи своите фамилии, а од неодамна пред доаѓањето на власт заедно со шарената револуција се „бореа“ против партизација и требаше да ја професионализираат администрацијата која според нив беше пренатрупана, но сега гледаме дека администрацијата не била пренатрупана.

-Се работи за непотизам од невидени размери, со оваа епидемија се заразени сите функционери на СДСМ и за тоа треба некој да сноси одговорност, затоа што ова се пари од народот, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...