Одговор на новинарско прашање

Одговор на новинарски прашања на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Како ги коментирате новите поименување од македонски институции во национални?

Одговор: Преименувањето на институциите е едно од срамните анти- македонски зафати коишто произлегуваат од капитуланскиот договор. Ние постојано велевме дека се обезличува Македонија, дека се обезличуваат македонците дека сега ќе немаат со што да се идентикфикуваат дека се губи оној институционален идентитет, односно ќе немаат од каде да го црпат идентитетот. Па, еве ќе поставам прашање до граѓаните нели е зачуван идентитетот со овој Договор како што  се тврдеше нели во оваа заевистичка политика? Да речеме еве гледам држите микрофон од македонска радио телевизија сега  ќе се преименува во национална. Па еве кажете ми зрачите сателитска програма, и таа ќе биде сателитска програма на национална радио телевизија. На чива нација? Кој ќе се идентификува? Чии ставови ќе ги изразува таа национална телевизија? Сега граѓаните и понатаму секојдневно ќе се чудат и ќе бидат фрапирани од тоа што ќе се соочуваат со последиците од капитулацијата, којшто силно удираат врз идентитеските прашања на македонскиот народ.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...