Народот разочаран од тешкиот живот

Претставници на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска беа во посета на Горно и Долно Лисиче.

Во неформален разговор граѓани им посочија дека животот им е се потежок. Во секој аспект на животот се бележат влошувања, не се гледаат никакви инвестиции ниту во образованието, ниту во здравството, ниту во инфраструктурата.

Средба со граѓаните имаше и во населените места Брвеница, Седларце и Милетино.  Граѓаните на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ им се пожалија на лошите услови со кои се соочуваат секојдневно.

Најголем проблем кој што го посочуваат е невработеноста и лошата економска ситуација, за која велат дека речиси и ништо не превзема власта за да ја подобри.

Освен во овие населени места,  членовите на ВМРО-ДПМНЕ беа и во посета на околината на Прилеп или во Мажучише. Граѓаните како и во другите места , и тука велат дека ја чувствуваат лошата економска состојба која создава безперспективност.

Во текот на посетите од страна на преставниците на ВМРО-ДПМНЕ беше истакната потребата да се застане на патот на пропаѓањето на Македонија кое е резултат на неспособноста и неработењето на оваа власт.

Патем, како што потенцираа. претседателските избори ќе бидат можност граѓаните да ја казнат оваа власт и да отворат пат за предвремени парламентарни избори кои ќе доведат до промена на власта.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...