Мицкоски за договорот со Грција: Ниту еден процес во историјата не е конечен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во Отворено на Алфа Телевизија одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се врати на власт ќе го ревидира договорот со Грција истакна дека ниту еден процес во историјата не е конечен, па така и овој договор , но затоа треба принципиелност, трпеливост и одважност.

Тој вели дека многу држави во минатото капитулирале, како што капитулираше во одредена смисла на зборот Македонија, но многу од тие држави биле храбри трпеливи и одважни и денес се во топ светски сили, обединети и посилни од било кога.

– Истото јас им го ветувам на македонската држава, на македонскиот народ и на македонските граѓаните доколку навистина честито, искрено и принципиелно работиме за иднината на оваа држава. Ниеден процес во историјата не е еднонасочен, сите процеси се доколку сме одважни принципиелни и храбри, потенцираше Мицкоски.

Поврзани вести