Мицкоски: Мора да се порази Заевизмот за да опстои државата, затоа што со секој поминат ден со оваа власт Македонија ја има се помалку

Остварив средба со жителите на населбата Тетовчанка. Велат Заевизмот е тешкиот живот кој го имаме, одземеното достоинство на државата и уништениот стандард, нашата населба е заборавена од власта, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Пензиите не се зголемуваат, но даноците се зголемуваат, 500 илјади луѓе во државата живеат во сиромаштија, а дури и пристојноста на нормалниот живот се загуби. Животот во Македонија не се разубавените бројки кои ги кажува власта, туку маката на граѓаните во Тетовчанка и другите населени места во земјава. Премиерот да излезе од розевиот микро свет и треба да се соочи со народот кој го живее тешкото секојдневие. Надежта дека било што ќе подобри оваа влада повеќе ја нема и знаеме дека нема да биде подобро. Ги нема ниту инвестициите кои ги ветија, ниту животот во кој се колнеа. Затоа мора да се порази Заевизмот, за да Македонија опстои, затоа што со секој поминат ден со оваа Власт Македонија ја има се помалку.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...