Ќе се судат драконски казни за 27-ми април затоа што се работи за монтирани случаи

Во своето гостување во вестите на Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборуваше за настаните од 27-ми април и за вчерашното апсење на Митко Чавков.

На прашањето дали тој очекува да се потврди информација дека Митко Чавков ќе биде осуден на 14 години затвор, тој одговори:

–Па јас имав слушнато и  подолг период за жал, и очекувам дека  вкупната пресуда којашто ќе се случува во петок ќе биде преку сто години за сите обвинети од 27-ми април, и тоа ќе биде практично Нимбершки процес  за прв пат запаменет во поновата историја на Република Македонија, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека сето ова претставува осветољубие и ништо друго.

 – Од друга страна го имаме овој мафијашки приспат кога се следи лицето коешто треба да биде осудено, егзикотирано, се апси се приведува, а основа за тоа претставува една службена белешка којашто е помалку или повеќе симптоматична со тврдење дека се подгвотвувал да избега во викендичка којашто ја имале во една соседна држава, додаде Мицкоски.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...