Дали Васко Ковачевски влијаел тендер во 4 очи од РЕК Битола да добие СВ Инвест, фирма која беше поврзувана со Вице Заев?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Повторно, огромен скандал од редовите на СДСМ и Владата на СДСМ.

И повторно, сомнеж за испумпување пари на граѓаните и сомнеж за огромен криминал во РЕК Битола.

Замислете, фирмата СВ Инвест која беше поврзувана во тесни релации со братот на Зоран Заев, Вице Заев доби тендер во 4 очи, повторувам, тендер во 4 очи, помеѓу фирмата СВ Инвест и Васко Ковачевски како директор на РЕК Битола од редовите на СДСМ, за ангажирање на помошна механизација за потребите на РЕК Битола во вредност 53 милиони денари, односно над 800.000 евра, пари на граѓаните.

Најпрвин го затворија Советот за јавни набавки за да можат да склучуваат тендери во 4 очи, практично тоа им беше всушност она „живот за сите“.

Еве вака на овој начин, парите на граѓаните завршуваат во фирмите блиски до СДСМ и фамилијата на Зоран Заев и целиот овој криминален картел на власт.

Во месец јули РЕК Битола објавила јавен тендер со првични критериуми кој подоцна претрпел поништување во критериумите, односно наместо првично како што се барало телескопски чистач на транспортни ленти со моќност од 80KW и референца од фирмите апликанти, за изработка на целиот тендер, после поништувањето на критериумите, преку истиот предмет на набавка се бара телескопски чистач со моќност од 100KW, односно зголемена е границата и не се бара референца од фирмите кои што треба да бидат носители на тендерот,  односно  ова поништување на критериумите отвора сомнеж за елиминирање на други потенцијални изведувачи на тендерот и објавување на критериуми кои одговараат единствено на фирмата СВ Инвест. Со ова практично се овозможило СВ Инвест да се јави како носител на тендерот и многу полесно да го добие целиот тендер.

Дали со овој потег Васко Ковачевски и СДСМ ја ограничиле конкуренцијата и влијаеле кој да го добие овој огромен тендер?

Дали со ова Васко Ковачевски влијаел тендерот кој го склучил во 4 очи да го добие фирмата СВ Инвест, практично за која претходно и самиот Васко Ковачевски имаше изјави дека таквата фирма не работи во РЕК Битола?

Дополнително, претходно во 2017 година фирма која го добила тендерот за истата намена имала цена од 3800 денари за 1 час работа на тој телескопски чистач, додека пак сега, истата фирма која тогаш работела за таа цена, сега им ги изнајмува машините и е подизведувач на СВ Инвест, а СВ Инвест е носител на тендерот и цената која што РЕК Битола ја плаќа на СВ Инвест за истата работа од претходно е 4290 денари за 1 час работа, односно дури 500 денари повеќе.

Почитувани, ова е еклатантен пример на испумпување на народните пари. Криминалниот картел на власт најелегантно ги граби, ги краде парите на граѓаните од државните институции.

Ова лудило мора да прекине и криминалците од власта мора да одат во затвор.

Овој можен случај на криминал мора уште веднаш да биде истражен од надлежното Јавно обвинителство и ги охрабруваме веднаш да отворат случај и да ги истражат сите можни сомнежи. Веднаш потоа сите одговорни да сносат одговорност и да одговараат пред лицето на правдата.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...
Најгоре