Дали со овој закон што го предлагате ќе се избрише бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена?

Би ве замолил да одговорите на неколку прашања. Прво зошто од овој закон кој што го предлагате вие и Зоран Заев се брише бракот како заедница помеѓу ден маж и една жена? Втора дали бришењето на бракот како заедница помеѓу маж и жена од овој закон повлекува редефинирање на брачната заедница и кој е вашиот личен став како Мила Царовска како министер за труд и социјала? Дали за вас бракот е заедница помеѓу еден маж и една жена или нешто друго, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на денешната собраниска седница.

Тој запраша дали доколку се редефинира заедницата брак помеѓу маж и жена со тоа може да се редефинира посвојувањето на децата.

Дали во делот на флуидниот идентитет ќе имаме ситуација каде што возрасни луѓе со флуиден родов идентитет ќе можат да влегуваат во простории кои ги користат деца или деца кои што одат во градинки и основни училишта, нагласи Ѓорчев.

Според него мнозинството на СДСМ мора добро да размисли за овој закон бидејќи без поголема анализа се влегува во нешто што ние сите како родители и граѓани не знаеме како ќе заврши.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...