Со секој изминат ден откако Заев е на власт, стандардот на граѓаните тоне, а се живее се потешко

Соопштение до јавност,а реакција на изјавата на Соња Мираковска

СДСМ мора поажурно да се вклучува во проектите предложени од ВМРО-ДПМНЕ и да даде поддршка за нивна реализација во полза на граѓаните. Со секој изминат ден откако Заев е на власт, стандардот на граѓаните тоне, а се живее се потешко. Земјава тоне во сиромаштија, а економијата назадува на сите листи за конкурентност.

Затоа сметаме дека не е доволно да се пристапи само кон овие измени, туку мора да се намали акцизата на горивата која беше покачена само за да може партиските функционери дополнително да се луксузираат.

Законот за отпишување на долгови е уште еден доказ дека реализацијата на идеите на ВМРО-ДПМНЕ се единствените позитивни проекти со кои што би можела да се пофали оваа  Влада.

Да потсетиме дека проектот отпис на долгови започна уште 2014 година со кој се предвидуваше да се отпишуваат долговите за три најранливи категории граѓани, односно за корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години.

СДСМ наместо да троши време на прес конференции треба да започне да работи за доброто на народот. Граѓаните не се со кратка меморија и знаат, кој што и кога направил за Република Македонија.

Граѓаните заслужуваат подобро, а не трошење на нивните пари на лубриканти, криминални иновации и луксузни лимузини за функционерите.

Државата мора да оди напред, а СДСМ да си замине.

 

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...