СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев со уцени, корупција и закани прегазија се, па и европските вредности во кои лажно се колнат

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Да се гарантира дека нема да се менува Уставот бидејќи тој бил одличен и европски, а потоа истиот да се брише, не е европска вредност туку шверцерска и измамничка особина.

Да се брише сопственото име и идентитет и покрај немањето мандат и јасно изразената волја на граѓаните не е европска вредност туку антидемократско и антидржавно однесување.

Да се ограбува сопствениот народ и тоа да се покрива со распродажба на националните интереси не е европска вредност туку криминално однесување.

На Зоран Заев и криминалниот картел околу него им пречи претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ бидејќи се свесни дека со секој изминат ден граѓаните се повеќе сфаќаат дека ВМРО ДПМНЕ било и ќе остане на браникот за заштита на нивните интереси.

СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев ги погребаа демократските принципи на државата, правдата и парламентарната демократија. Тие на јавноста и покажаа дека не бираат методи да го бранат предавничкиот и штетен договор кој го потпишаа во Преспа. Со уцени, корупција и закани прегазија се, па и европските вредности во кои лажно се колнат. Сето тоа го направија на очиглед на македонската јавност. Овој криминален картел на власт не само што нема ништо заедничко со европските вредности, туку веќе целосно се однароди, бидејќи не ја почитува јасната волја на народот изразена на референдумот.

Одењето на оваа власт контра народот, контра уставот и законите , контра демократските и европски принципи само ја покажува нивната отуѓеност. Тоа ќе биде казнето, а нивната антидржавна политика ќе биде поразена на следните избори.

 

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.