Заев и Царовска манипулираат со корисниците на социјална помош говорејќи за покачување, иако се работи за збир на права кои веќе ги користат

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

Македонија тоне во сиромаштија. Народот е гладен и едвај преживува. Сите земји во регионот не поминаа. Економијата е пред колапс, а единствено што прави власта е масовен грабеж на парите на граѓаните и расфрлање милиони на лубриканти, на луксузни лимузини и делење на сомнителни тендери на свои партиски војници.

Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, повторно ги манипулираат граѓаните. Имено Заев заедно со Царовска пред неполн месец на прес-конференција  најави зголемување на социјална парична помош и тоа за повеќе од 300%.

Согласно со најавените покачување корисниците на социјална парична помош ќе ги добиваат овие средства:

Сегашна состојба

Според кажувањата на Мила Царовска и Зоран Заев

  • Семејство за 2 члена- 3.933,00 денари

(зголемување  300%)=11.799,00

  • Семејство со 3 члена-6.057,00 денари

(зголемување 300%)=14.985,00 денари

  • Семејство со 4 члена= 6.057,00денари

(зголемување 300%)= 18.171.00денари

Имено Заев и Царовска со таканаречените реформи сакаат да ги доведат во заблуда најранливата категорија граѓани говорејќи за покачување од 300%, а всушност се работи за збир на повеќе права кои и во овој момент ги користат корисниците на социјална парична помош.

Заев на денешната изјава по повод Светскиот ден на сиромаштијата заборави да нагласи дека од 2019 е најавено укинување на родителскиот додаток за трето дете.

Родителскиот додаток за трето дете во Република Македонија изнесува 8.362 денари, а го користат околу 29.000 корисници.

            Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...