Ѓорчев до СДСМ: Вие добивте легитимитет за програмата, а не за промена на името на државата

Пратеникот Ѓорчев при излагањето на Седницата во Собранието на Република Македонија  се обрати до СДСМ, за што вие сте добиле легитимитет , вие добивте легимитет за програмата „За живот во Македонија“, вие за се сакате да зборувате, само не сакате да зборувате за што сте потпишале, ветиле обврзале.

Луѓето ве гласаа за 30.000 денари плата, а кај ви е 30.000 денари плата? Луѓето ве гласаа за конкурси што нема да бидат наместени, а кои што гледаме дека секој ден се скандал во делот на кадровска политика. Луѓето ви дале доверба да ги донесете „Фејсбук“ и „Гугл“, а каде се еве година ипол помина од Владата. Луѓето ве гласале дека ќе го рестарирате „Југохром“ на локални избори минатата година во октомври, потпишавте, Премиерот потпиша и кажа најкасно до април ќе се рестартира, не април, не мај, јуни, јули, август, септември, октомври дојде „Југохром“ не ви е рестартиран, појасни Ѓорчев.

Ѓорчев нагласи дека владата на СДСМ доби и презема одговорност дека ќе зголемува платите и пензиите, но од тоа абер нема. СДСМ доби одговорност и се обврза да ги подобрува состојбите, но е катастрофа невидена до сега.

Меѓу другото и минатата недела Светска банка за прв пат во историјата објавува индекс на човековиот развој, каде е Македонија најслаба во регионот. Според овој индекс Македонија со оваа влада е послаба од Молдавија и Косово, посочи Ѓорчев.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...