Една година СДСМ во Ѓорче Петров, една година стагнација – Наумоски и СДСМ покажаа дека не знаат да управуваат со општината

Интегрален текст од изјава за медиуми на Марија Андоновска, советник во Советот на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Една година СДСМ во Ѓорче Петров, една година стагнација. Александар Наумоски и СДСМ една за една  година не направија ниту еден проект, дека така планираат да продолжат и во иднина гледаме и од предлог ребалансот на Буџетот на општината доставен  до Советот на општина Ѓорче Петров.

Според ребалансот на Буџет потпишан од Николоски, нема пари за канализации и патишта, но затоа има за привремени вработувања и полнење на општинската администрација со партиски кадри. Наумоски ставката за привремени вработувања од 6.500.000 денари ја зголемува на 11.100.000 денари, или зголемување за близу 90%. Но затоа наместо да зголемува, намалува во ставката за изградба и реконструкција на локални патишта и улици така што од 9.000.000  на 2.000.000 денари, што претставува кратење за цели 7.000.000 денари. Иста е ситуацијата и со ставката за изградба на системи за водоснабдување каде градоначалникот кратат 4.000.000 денари за оваа намена.

Градоначалникот Наумоски обезбедува средства во буџетот на општината 3.000.000 денари за консултантски услуги и статистички истражувања, всушност истите ги зголемува, но вели дека нема средства да се ангажира само еден наставник за да отпочне да функционира дневен престој за децата во барем едно училиште во општина Ѓорче Петров. Се поставува прашање што ли му е приоритет на овој градоначалник, ако тоа не се децата?

Наумовски дава нови 3.000.000 денари, за консултантски услуги а истовремено крати скоро 3.000.000 од ставката за изградба на простор за паркирање. Очигледно е дека изградбата на паркинг места не му се приоритет на Наумоски исто така.

СДСМ ја зголемуваат ставката за трансфери до невладини организации за над 1.000.000 денари, додека крати во ставките за изградба на сообраќајна сигнализација цели 2.500.000 денари.

Почитувани,

Недозволиво и крајно лицемерно е во кампањи да ветувате подобро образование  која и зголемени инвестиции во истото, а кога ќе дојдете на власта од ставката за основно образование да кратите 8.78% од првично предвидените средства.

Наумоски и СДСМ покажаа дека не знаат да управуваат со општината. Ѓорче Петров тапка во место една година. Една година во Ѓорче нема проекти, нема инвестиции. Оваа власт покажа дека ниту знае ниту сака  да работи за доброто на граѓаните.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...