Данев до Џафери: Бидете на ниво на задачата што ја извршувате и овозможете Христијан Мицкоски да се обрати пред Собранието

Пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев од собраниската говорница посочи дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски е поднесено барање до  Џафери да се овозможи обраќање во Собранието  на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од Уставни измени кои имаат суштинско влијание и значајноста која овој период ја има за иднината на Република Македонија.

Тој нагласи дека тоа право го овозможува Деловникот за работа на Собранието каде согласно Член 72 став 2 претседателот на Собрание  може да покани на седница на Собрание да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на  други органи или организации.

– Господине Џафери со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија и ние како пратеници, граѓаните на Република Македонија , уште еднаш ќе апелирам бидете на ниво на задачата која што ја извршувате и овозможете претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се обрати и пред Собранието и пред Македонските граѓани.

Данев потсети дека имало такви пракси во историјата на овој парламент кога Филип Петровски како лидер на студентските протести во далечната 1997 се обрати во Собранието.

– Во овој момент треба да овозможите господинот Христијан Мицкоски како претседател на најголемата опозициона партија да се обрати пред јавноста и парламентарниот состав, истакна Данев.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...