Се потврдија ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека случајот 27-ми април е политички фабрикуван без докази и е наменет за политички притисоци

Почитувани,

Од самите почетоци ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека случајот 27-ми април е политички фабрикуван случај без докази, без аргументи и дека е наменет за политички притисоци.

50-тина луѓе со месеци се предмет на политички прогон  со цел Заев да може да тргува со нивната слобода, а за возврат да бара поддршка за договорот со Грција за преименување на Република Македонија. Со месеци луѓе се држат во притвор, пратеници, уметници, обични граѓани беа жигосувани за терористи. Невини луѓе станаа жртва на прогонот на Заев.

Ова јасно покажува дека власта не само за 27-ми април, туку и за други случаи против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ води политичка хајка само за да тргува за нивната слобода. Крајно неморално и крајно неетички.

Ова е исто така и порака до судскиот систем и обвинителството. Им се суди на невини луѓе, тоа не се терористи. На овие луѓе им е потребна правда, на Македонија и е потребна правда и правичност, не политички монтирани и фабрикувани случаи.

Заев треба да им се извини на семејствата кои се под политички прогон, режиран токму од самиот Заев и власта.

Ова мора да престане и само така може да има помирување.

Правдата мора да стигне и затоа бараме нова обвинителска институција која ќе ги истражи сите случаи каде има сомнеж за нарушување на законот и која непристрасно ќе ги анализира фактите и доказите.  Еве прилика на Заев да докаже дека е за вистинско помирување и за правда без никакво условување.

Ослободете ги луѓето од политичкиот прогон и од притворот и овозможете правда за овие луѓе со гаранција на нивната презумција на невиност.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...