Владата да одговори дали полноќното шверцерско носење на ребаланс на буџетот значи прикривање на матните бизниси и економијата пред банкрот

Соопштение до јавноста

Владата која лажно се преставува за транспарентна, на шверцерски начин далеку од очите на јавноста на нетранспарентен начин скрои ребаланс на буџет кој преставува покривање на матните бизниси и нерентабилната презадолжена економија. Повеќе ни огромното задолжување не може да ги покрие криминалите на владата.

Владата треба да одговори зошто на шверцерски начин турка ребаланс на буџетот, дали ова значи дека прикриваат траги од незаконско работење, дали поради катастрофалното работење на владата во опасност се доведени редовните исплати на пензии и социјални трансфери? Дали економијата е пред банкрот?

Нема ниту едно остварено ветување. Да потсетиме ние сме економија со капитални инвестиции од енормно ниски само 23.3 отсто за повеќе од половина година, со пад на градежништвото од минус триесет отсто, без нови странски инвестиции, и со девизен прилив на странските инвестиции донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ со енормно задолжена економија од 5.14 милијарди евра.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...