Дали СДСМ свесно ја втурнува државата во вештачка економска криза заради насилно туркање на договорот од Преспа

Соопштение до јавноста

Власта е неспособна да го реализира ветеното. Неработата и неспособноста се главна одлика на оваа влада и затоа прави ребаланс. Недозволиво е држава во развој како Република Македонија да има економски раст од 1, 2 или 3% и ниво на капитални инвестиции за осум месеци од само 23.3%.

Класичен дебакл и одраз на елементарно незнаење е за осум месеци нивото на реализирани капитални инвестиции да биде очајни 23.3%. Економијата  тоне во секој аспект, а секој следен чекор на власт го забрзува процесот на тонење.

Заев и Тевдовски мора да одговорат. Дали СДСМ свесно ја втурнува државата во вештачка економска криза заради насилно туркање на договорот од Преспа, кој според ставот на граѓаните од референдумот е правно – политички мртов. Дали со лошото работење со економијата се доведени во прашање редовните исплати на пензии и социјални трансфери? И дали економијата на Република Македонија е пред крах и пред банкрот? Неизвесноста кај економските субјекти од ваквите политики е доведена на високо ниво.

Заев ветуваше раст на економијата од над 5%, во сите години од мандатот. Првата година ја заврши со 0%, а оваа се движи на линија на преживување. Ова  го потврди и ММФ, кои ја намалија проектираната стапка  на раст за оваа година на ниски 1.6%, во услови кога  регионот и Европа галопираат.

За катастрофата во економијата директно е виновен Зоран Заев. Ниту една влада во Република Македонија до сега не покажала толкаво ниво на неспособност. Ветуваа 600 километри нови автопати, 550 километри нови магистрални патишта и над 1.000 километри локални патишта до крајот на мандатот во декември 2020 година. Половина од времето им помина, а ништо од ова не  е ниту на повидок.

Влада што не е способна да реализира проекти, подобро е да им ги остави парите на располагање на фирмите и на граѓаните одошто да им ги одзема а потоа да не знае што да прави со нив. Влада која економијата ја уназадува не треба да биде на чело на државата. Оваа влада мора да си оди.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...