Заев, Анѓушев и Тевдовски ја туркаат Република Македонија во економски колапс

Соопштение до јавноста

Заев, Анѓушев и Тевдовски ја туркаат Република Македонија во економски колапс.

Економијата се соочува со невидена катастрофа. Нема резултати, нема нови инвестиции, има пад на проекциите на раст на БДП но затоа имаме нови милионски задолжувања.

Црната еконмска тројка и криминалниот картел на власт безмилосно продолжуваат да ја задолжуваат Република Македонија.

Веселите математики на Зоран Заев и неговото трето полугодие не можат да ја сокријат катастрофата и неспособноста која ни ја донесе.

Идната недела Владата најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра. Каде одат овие пари и на што се трошат никој не знае. Нема нови болници, нема патишта, нема нови фабрики, нема нови отворени работни места но затоа има 1,5 милиони евра за лубриканти кои според СДСМ ќе штитат од заразни болести

Црната тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски три недели наназад по истиот основ ја задолжија Република Македонија за 102 милиони евра.

Јавниот долг за кој толку многу се фалат дека го донесоа под контрола веќе достигна 48.8% од проектираниот БДП. Меѓународните институции веќе излегоа со најава дека се очекува за многу кратко време да ја помине и онаа психолошка граница од 50% од БДП.

Дури и растот на БДП од 3.2% кој тие самите си го проектираа и упорно тврдеа дека ќе се оствари оваа година ќе заврши најверојатно на околу 1.2 %

Додека другите држави во Европа и во регионот рушат рекорди на стапките на раст во БДП, Македонија убедливо е на дното. Ние треба да се задоволиме само нешто над 1 %. Колку за споредба оваа година највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7%, Бугарија 3,6%, БиХ 3,2% и Хрватска 2,8%.

Растот што го ветуваше Зоран Заев за време на изборите од 5% се виде дека се граничи со научна фантазија.

Секое ново задолжување само ја покажува неспособноста на оваа влада и ја уништува иднината на генерациите кои доаѓаат.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...