Одговор на новинарско прашање на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Како го коментирате денешниот нов случај на СЈО?

Одговор: Не постои држава каде што премиерот ер над волја на граѓаните особено не по пропаднат референдум. Ваквите притисоци се показател на очајник, кој во очајот од пропаднатите политики, нема ништо што друго да примени за да избега од словото на правото и на правдата. Има причини за тоа има бројни криминали и затоа прибегнува кон сила. Но ништо не е посилно од гласот на народот и љубовта кон татковината. Власта е вистинскиот заштитиник на криминалот, а Зоран Заев е нејзниот главен покровител. Ако на власта и беше за правдата немаше да бега и да се крие од предлогот за нова обвинителска институција која ќе го расчисти со криминалот , незаконието и сомнежите за корупција. Ја одбија затоа што СЈО им треба за политичка алатка за политички притисок, а воедно и да ги амнестира од криминалот кој што го прави оваа власт на дневно ниво.

Ќе потсетам додека власта се занимава со случаи пред 15 години, а имаме моментален криминал од милиони евра, само за набавка на учебници се стопија 5.3 милиони евра во 4 очи, се потрошија и милиони евра за крвави тендери во здравството, за криминални иновации, за бизнисите на тендерашот Анѓушев, оној трагикомичен скандал со 1.5 милиони евра за набавка на лубриканти додека народот гладува. Тоа е вистинската хипокризија на оваа власт.

Поврзани вести