Со Договорот, СДСМ се откажува од културното наследство на Република Македонија

Според договорот, член 7 став 2 вели „терминот Македонија за првата страна ќе значи областа, народот во северниот регион, нивните одлики, елинската цивилизација историјата, културата, наследството во тој регион од антика до денешен ден, тоа е дефиниција за нивното наследство“, реплицираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната расправа на Комисијата за уставни измени.

Тој додаде дека песната „Врана коња јавам јас“, „Ибраим оџа“ познатото оро кое се игра денеска во Македонија, песна „Дафино вино црвено“, седум-осминскиот такт, се настанати во Егејска Македонија, а со овој Договор со Грција нема да бидат наследство на Македонија, туку остануваат во наследство на Грција.

Димовски реплицираше и дека избирачкиот список се составува врз база на регистар на државјанство кое што го води Министерството за внатрешни работи.

-Кај нас во Република Македонија статусот на жител или не жител апсолутно не е поврзано со гласач или негласач, туку тоа е поврзано со статусот државјанство, вели Димовски.

Пратеникот Димовски потенцираше дека Македонци во соседна држава и македонска дијаспора е сосема различна работа.

-За разлика од нашите кои живеат во Мелбурн, Торонто, Цирих, овие Македонци во соседниве држави, кои што Уставот ги препознава како елемент со посебна заштита од нашата држава, не се дијаспора. Македонците во Благоевград, во Лерин или во Голо брдо или на Гора во Косово се автохтоно население на таа територија, потенцираше Димовски

Поврзани вести

Најгоре