Заев е исплашен, знае дека деновите на премиерската фотелја му се избројани

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ниеден капитулантски чин не може да ја сокрие неспособноста на владата на Заев и СДСМ. Ниеден капитулантски договор не може да го сокрие фактот дека СДСМ ја зароби државата, а судството се претвори во партиска испостава на СДСМ која служи за амнестирање на криминалот на членовите на СДСМ. Секојдневната црна хроника во здравството и поразителните бројки за смртност кај родилките и доенчињата не доликуваат на европска држава. Економски раст од 0 проценти многу повеќе доликува на некоја земја од третиот свет отколку на земја аспирант за членство во ЕУ и НАТО.

Заев ја врати Македонија 20 години назад, во мрачните времиња на криминалната транзиција, кога олигарсите блиски до СДСМ ги полнеа своите џебови, а граѓаните беа доведени на работ на егзистенцијата. Заев и СДСМ се причината за крах на целата држава. Македонија тоне на секое поле, а членството во ЕУ и НАТО е се по далечно со секој ден на картелот поминат на Илинденска бб.

Стерилните прес конференции и соопштенија на Заев нема да го сокријат самоволието на власта и трагедијата која во овие моменти и се случува на Македонија изминатите 14 месеци.  За најважното прашање од кое зависи македонскиот идентитет, историја, традиција и култура, не беше консултирана опозицијата. Вчера СДСМ ја погреба демократијата во Македонија.

Ваквото делување на Заев е класичен пример за исплашен човек, кој знае дека деновите во премиерската фотелја му се избројани, а тогаш ќе мора да одговора и правно за сите злодела кои за 14 месеци и ги стори на државата. Моментот кога овој човек ќе замине во својата политичка пензија, Македонија ќе победи!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...