ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита најсветиот ден за македонската историја, државниот празник Илинден

Честитка по повод празникот 2-ри август – Илинден

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита најсветиот ден за македонската историја, државниот празник Илинден.

Илинден е денот кога го празнуваме непокорот и ја славиме победата, но истовремено им оддаваме и почит на сите оние кои без разлика на нивната вера, припадност и убедување го дадоа животот за слободна и независна Република Македонија.

Денес со гордост се сеќаваме на делата на Илинденците од двете славни епопеи од 1903 и од 1944 година. Нашиот народ на ден Илинден, 1903-та година го запали огнот во срцата на сите оние кои мечтаеа за слободна држава и преку пожртвуваност, храброст и љубов кон Македонија, тргнаа во беспоштедна борба за вечниот стремеж за конечно ослободување.

Огнот не престана да гори и во време на Народно ослободителната и антифашистичка борба, така што на 2-ри август 1944 година се оствари вековниот сон за сопствена државност на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински.

Почитувани сограѓани,

Борбата на еден народ не престанува со еден историски чин. Тоа е процес, тоа е континуитет, тоа е чувство што треба да го има секој од нас. Илинден е денот кога си припомнуваме за сите оние кои ги дадоа своите животи за  слободата. Си спомнуваме на Гоце, на Даме, на Питу на Сандански и го превземаме нивниот завет.

Тие ни оставија аманет како треба да се сака, да се гради и да се чува нашата Татковина. Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација бесусловно да ја води својата борба, борба за напредна и поуспешна Македонија.

Нивниот сон за слободна и независна Македонија денес е реалност, а наша должност е тој нивен сон да продолжи.

Нека е честит и вековит Илинден!

Нека е вечно делото на двата Илиндени 1903 и 1944 година!

Нека е вечна славата на борците за слобода и државност!

Нека е вечна нашата таковина Македонија!

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...