Трагично е што Шилегов нема направено ниту еден проект за Скопје во изминативе 10 месеци, па мора да го презентира чистењето на улиците како капитален проект

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Петре Шилегов

Среќна нова 1712, Шилегов ја откри парната машина. Откако СДСМ почна да дели иновации и за печатници и реинкарнација, се разбуди креативноста кај нивните функционери, па Петре Шилегов денес презентираше чистење и одржување на улици како проект на градот.

Трагично е што Шилегов кој нема направено ниту еден проект за Скопје и скопјани во изминативе 10 месеци мора да го презентира чистењето на улиците како капитален проект, работа која спаѓа во редовен делокруг на надлежности на ЈП Комунална хигиена.

Чистењето и одржувањето на хигиената на улиците е обврска на градот и општините, а не проект и измислица на Шилегов. Дали Шилегов мисли дека граѓаните треба да му бидат благодарни што ЈП Комунална хигиена ќе ја извршува работата за која  е платена?

Чисто Скопје е императив за градската власт. Одржување на комуналната хигиена е обврска. Шилегов наместо да држи празни прес конференции да се фати за работа бидејќи скопјани очекуваат работа, а не фалби со  работите кои се должни да ги извршуваат.

 

  Со почит,                   
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...