Сугарески со ниту една прес конференција и обвинување нема да избега од фактот дека токму тие ги оставија граѓаните без евтините летови на Wizz air

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Горан Сугарески

Сугарески  со ниту една прес конференција  и обвинување нема да избега од фактот дека токму тие ги оставија граѓаните без евтините летови на Wizz air. Заради Сугарески и СДСМ граѓаните на Република Македонија  повеќе немаат евтини летови до светските метрополи.

Повеќе од една година како се на власт СДСМ сами создаваат  скандали, а откако јавноста ќе се крене на нозе, власта со релативизирање на сопствените скандали се обидува да ги смири тензиите и да ги изманипулира граѓаните.

Сугарески и СДСМ мораа да смислуваат смешни изговори, за да ги оправдаат само нив познатите причини зошто тендерот е прекинат и не е разгледана комплетната документација на Wizz air.

Дали картелот на власт на овој начин се обидува да ја уцени компанијата и да извлече некоја материјална корист за своите криминогени структури?

Граѓаните станаа жртва на расипничкото и криминално донесување на СДСМ, која со нејзиното однесување се повеќе по нивните џебови, а државата наместо во ЕУ и НАТО секојдневно ја уназадува.

Граѓаните не заслужуваат власт која работи спротивно на нивните интереси. Република Македонија и граѓаните ќе победат!

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...