Со Зоран Заев и неговите луѓе нема иднина Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Иднината која ја нуди СДСМ веќе ја видовме, таа се вика криминал, хедонизам и аболицирани политичари.

Иднината за која збори СДСМ се криминални иновации каде народни пари се претураат во фирмите на вицепремиерот, пратеници од власта, советници на премиерот. Иднината која ја нуди СДСМ се крвави тендери во здравството тешки десетици милиони евра, државни бизниси за семејството на премиерот и неговите роднини, хедонизам изразен во прошетки на ручеци со државни армиски хелихоптери.

Иднината која ја нуди СДСМ се вика криминал, очај и апатија. СДСМ не ја однесе државата во ЕУ, и има само условена покана за НАТО, но затоа донесе штетен договор за името со кое се гази достоинството, честа но и идентитетот на нашата земја и народ. Растечката корупција е нотирана и од Европската Унија. Нема сомневање дека криминалци ја водат државата.

Со Зоран Заев и неговите луѓе нема иднина Македонија.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...

<