СДСМ во обид да собере политички поени ја злоупотребува болката и трагедијата на граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Александар Димитријевиќ

СДСМ е во очај штом одлучи некрофилски да ја злоупотребува трагедијата со која што пред две години се соочија жителите на Општина Гази Баба. Повеќе од очигледно е дека Зоран Заев нема одговор за ниеден скандал или афера во која што се навлезени членовите на криминалниот картел, штом дал насока политички да манипулираат со загубените човечки животи.

СДСМ немилите настани како што се поплавите  во општина Гази Баба од пред две години најбрутално ги злоупотребува за да го покрие капитулантскиот договор, потценувајќи ја јавноста.
СДСМ се уште се однесува како да е опозиција и заборава дека скоро година ипол се на власт.

ВМРО-ДПМНЕ за време на овој немил настан максимално ги ангажираше сите расположливи ресурси и механизација за нормализирање на состојбата и надминување на последиците од катастрофалното невреме во погодениот регион.

Во оваа година ипол на власт СДСМ нема асфалтирано ниту една улица. За разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ направи фекална канализација во Стајковци и Ченто и колектор до Вардар, а асфалтираше и 106 улици.  Благодарение на одлуката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и финансиските средства што беа обезбедени се направи комплетна реконструкција на улиците, водоводната и фекалната мрежа, училиштата и игралиштата.

СДСМ во обид да собере политички поени ја злоупотребува болката и трагедијата на граѓаните и затоа ќе бидат казнети од граѓаните кои знаат и се сеќаваат кој помагаше и кој беше со нив кога им беше најпотребна помошта и поддршката. Каналите на подрачјето на Општина Гази Баба сега се запоставени, неискосени и неисчистени.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Општина  Гази Баба ќе поднесе иницијатива до Советот на Општина Гази Баба за подигнување на спомен обележје во чест на настраданите од поплавите во од 6-ти август 2016 година.

Спомен обележјето Советничката Група на ВМРО-ДПМНЕ, предлага да се изгради во населено место Стајковци кое заедно со Ченто беше најпогодено од поплавите.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...