Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов се петте млади животи кои што од тоа време сонуваа за Македонија која што ќе биде исправена а не понижена и омаловажена

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов се петте млади животи кои што од тоа време сонуваа за Европска Македонија. Македонија која што ќе биде независна и самостојна. Македонија која што ќе биде горда. Македонија која што ќе биде исправена а не понижена и омаловажена. Годините потоа ќе сведочат за нивниот активизам, но и за нивното херојско дело кое што го направиле додека биле живи.

Денеска се наоѓаме овде на ова место заедно со Унијата на Млади Сили на Општинскиот комитет Струмица и околните Општински Комитети Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш имаме од Унијата на млади сили од Валандово, Богданци и останатите околни општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ на местото каде што започнува патот во неповрат на овие пет  млади човечки животи, на овие пет патриоти кои што сакале да ја видат сопствената земја европска и интегрирана.

 

Потоа ќе се движиме по патеката каде што нивните животи, нивната судбина оди во неповрат, но со една иста идеја а тоа било како Македонија еден ден да биде современа, модерна, горда и достоинствена држава.

Пецев, Белев, Јарамов како што вели една народна песна Топчев и Костуранов нивната крв младешка ги натопи твоите ги натопи твоите лисија столетни. Беласица на својот пат кон вечноста заедно со Македонија ќе ги спомнува нивните животи 1951-та предвреме згаснати на 13 Август.

Затоа ве поканувам да ни се придружите по патеките, по стазите по кои што овие животи ќе завршат во неповрат.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...