Одговори на новинарски прашања

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање, новинар: Пратеник на СДСМ денеска изјави дека со наводното приближување на Македонија кон ЕУ и кон НАТО, економијата одела во нагорна линија и дека веќе бил забележан пораст, не само на странските инвестиции  туку и на платите. Коментар за ова?

Одговор: Еве вака конкретно ќе ве прашам, дали вас или на било кои од луѓето кои што се вработени, вашите медиумски колеги  во просторијава им е зголемена платата?

Нормално дека не. Би сакал да потсетам само на растот на БДП кој што е некаде околу нула а можеби ќе биде и во минус, и би сакал да потсетам на реализацијата на капиталните инвестиции која што е смешна како никогаш до сега и никогаш не била толку ниска. Така да тоа е одговорот како всушност економијата е отидена напред. Тоа не е точно. Не е отидена напред, платите можеби се помали, пензиите не се зголемени, економијата тапка во место, фирмите и стопанството се пред колапс и тоа го кажуваат самите сопственици на фирмите.

Прашање, новинар: Истиот пратеник повикувајќи се на тој наводен  економски развој ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на референдум за, уверувајќи дека со договорот со Грција се гарантирал македонскиот идентитет, односно јазик и нација.

Одговор: Кој идентитет, на граѓаните на Северна Македонија? Со штетниот договор не се гарантира ништо македонско. Доволен показател е, и би ги повикал господата од СДСМ да ги отворат и да ги слушнат изјавите на  грчките политичари кои јасно си кажуваат дека се брише се што е македонско со овој штетен и капитулантски договор кој што ни го приредија СДСМ.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...