Неспособноста на Владата на СДСМ за овие 14-тина месеци излезе на виделина, за тоа доказ се катастрофалните бројки

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Денеска, додека СДСМ го пишувале апсурдното соопштение во кое што ги убедуваат граѓаните дека економијата цвета, се чекаат редици за поврат на ДДВ, просечната плата е 30 000 денари, докторите земаат по 150 000 денари и сите се возиме по новите 600 километри автопат, Македонија ја задолжуваат за нови 300 000 евра. Толку е дневното задолжување изминативе три месеци или вкупно за вториот квартал Зоран Заев ја задолжи Македонија за нови 30 милиони евра, а капиталните инвестиции се на најниско ниво во изминативе 15 години што е повеќе од јасен показател дека расипничката власт парите на граѓаните ги троши само за луксузирање.

Неспособноста на Владата на СДСМ за овие 14-тина месеци излезе на виделина. За ова доказ се катастрофалните бројки. За последниот квартал раст на БДП бележи само 0.1%.

За реализација на капиталните инвестиции од бедни 16.65% мора да има и одговорност. Оправдувањата на владата на Зоран Заев дека проектите наводно не чинеле, се банални и смешни бидејќи ја има власта повеќе од една година, доволно време да ревидира, доколку навистина била потребна корекција.

Економијата во Република Македонија стагнира и е со најниска стапка на раст во регионот и пошироко.

Додека па растот на индустриското производство е уште еден доказ за добрите економски политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ефектите од креирањето бизнис клима во која што странските инвеститори би биле мотивирани да работат во ТИРЗ.

Откако СДСМ е на власт граѓаните осиромашуваат, и се обидуваат да состават крај со крај, а врхушката на власт се луксузира на грбот на народот преку наводни иновации, купување на луксузни автомобили и сомнителни тендери.

На овој економски пустош спроведуван од актуелната влада мора да се стави крај.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...