Лажната декларативната заложба за борбата против корупцијата на владата на СДСМ и Заев е препознаена и од ГРЕКО и од граѓаните

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Целата власт е насочена само кон заштита на криминалот и корупцијата за која сведочи и домашна и меѓународна јавност.

Аболициран и помилуван властодржец на чело на тело за реформи на правосуството, кој во меѓувреме судски се ослободува за поткуп, случај регистриран и со аудио и видео снимка, како дел од посебни истражни мерки, е класичен пример за криминал, корупција, заробено судство и држава.

Незаменливоста на неговиот тим од корумпирани функционери фатени во местење тендери и криминално делење на милиони буџетски пари е дополнителен доказ каде е врвот на криминалот и корупцијата.

Лажната декларативната заложба за борбата против корупцијата е препознаена и од ГРЕКО  и од граѓаните. Концепт на лажната отвореност, отчетност и транспарентност, завршува со секој нов криминален скандал на оваа власт.

Наместо соопштенија за дефокус на јавноста, власта не одговара како ли ГРЕКО ќе го разгледува случајот Тендер од 35 милиони евра во здравството на министерот Филипче? Како ли власта ќе го објасни на ГРЕКО случајот со поделбата на фондот за иновации на Анѓушев, на Локвенец, на советничката за култура на премиерот Ласкова. Како ли Шекеринска ќе го објасни делењето пари на наводни непартиски организации каде и самата членувала, а други министри се дел од раководните структури? Како ли повторно Филипче ќе го спакува поделбата на 400.000 евра набавка од компанијата на својата партнерка, инаку директор на една клиника? Како ли ќе ги објаснат милионите евра дадени за возила од МВР и од МО за компании кои не се директни увозници?

Одговорност за криминалот и корупцијата мора да има и ќе има тогаш кога Република Македонија и правосудството ќе се ослободат од канџите на аболицирани и помилувани криминалци на власт.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...