Криминалниот картел предводен од Зоран Заев брутално ја гази демократијата во Република Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Криминалниот картел предводен од Зоран Заев брутално ја гази демократијата во Република Македонија.

СДСМ е исплашен. Свесен е дека договорот со Грција е штетен. Граѓаните нема да го прифатат. Доколку договорот беше добар, Зоран Заев немаше да ја потценува јавноста и согласно закон ќе поставеа едно, јасно и недвосмислено прашање на референдум.

СДСМ со вака формулираното референдумско прашање го прекрши Законот за референдум, односно членот 15 каде се вели дека „Прашањето на гласачкото ливче мора да биде прецизно формулирано и недвосмислено, така што граѓанинот на референдум да може да одговори со „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Народот е против и целиот договор и капитулацијата која ја постигна Заев е едно, а прашањето за членство во НАТО и ЕУ сосема друго.

Народот ќе го победи ова зло олицетворено во Зоран Заев и врхушката на СДСМ. Македонија ќе победи, сакале тие да прифатат или не.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...