Граѓаните од Тевдовски очекуваат одговори каде завршија стотиците милиони евра со кои ја задолжија Македонија во изминатата година

Соопштение до јавноста – реакција на видео обраќањето на Драган Тевдовски

Граѓаните од Тевдовски очекуваат одговори каде завршија стотиците милиони евра со кои ја задолжија Република Македонија во изминатата година. Тевдовски и Заев не можат да се кријат зад најава за наводна алатка за транспарентност.

Јавниот долг за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди, а државниот 4 милијарди евра. Каде и на што се потрошени тие пари, кога знаеме дека реализацијата на капитални инвестиции за половина година изнесуваат едвај 16%.

СДСМ камен на камен немаат ставено. Граѓаните од оваа влада гледаат како Буџетот се користи за преку крајно сомнителни тендери да се полнат џебовите на функционерите од власта.

Аздисаноста на владата трајно ги загрозува евроатлантските аспирации на државата. Поради криминогеноста на СДСМ  Република Македонија во светот се спомнува како мека за криминалот и корупцијата во Европа. Не постои светски медиум на чии страници не се пишуваат разочарувачки стории за неспособноста на власта да се справи со криминалот и корупцијата, кои откако е СДСМ на власт се мултиплицираа.

Не постои друга држава  во демократскиот свет, каде човек кој е видео и аудио документиран како бара мито од 200.000 евра се ослободува од обвинение, само затоа што  е премиер. Никаде на друго место во демократските држава тендерите не се делат на државните функционери. СДСМ ја претвори државата во престолнина на криминалот и корупцијата и тоа нема да го смени ниту една наводна алатка за транспарентност, она што е потребно е владеење на правото, а не партизирани институции и криминогени функционери, кои прва мисла како и на нивниот шеф Зоран Заев им е како да ја злоупотребат функцијата.

Буџетот не е алатка за богатење на функционерите од СДСМ. За сите злоупотреби кои ги направи оваа криминална власт ќе одговараат согласно закон, како и секаде во државите од ЕУ, каде владее законот, а не криминалот како во Република Македонија под  власта на Зоран Заев и СДСМ.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...