Граѓаните на РМ е сведоци како Заев и СДСМ вршат невиден грабеж и злоупотреба на државни ресурси кои ги прикриваат со конструирани случаи

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Власта на СДСМ без срам секојдневно ги злоупотребува државните институции.

Државата за 14 месеци ја урнисаа на политички и економски план.

Граѓаните на Република Македонија се сведоци како Заев и СДСМ вршат невиден грабеж и злоупотреба на државни ресурси кои ги прикриваат со конструирани случаи.

Вака во ЕУ и НАТО не се оди.

Заев ги распродаде националните и државните интереси со цел да ја дефокусира јавноста и да може тој заедно со неговите сопартијци непречено да се богатат на грбот на граѓаните.

Промената на името, јазикот, идентитетот нема да го отворат патот кон ЕУ и НАТО. На нашиот пат кон ЕУ и НАТО се наоѓа само една голема пречка, а тоа е Зоран Заев заедно со неговото раководство.

Зоран Заев и СДСМ ниту се лицето на Европа во Македонија, ниту ги преставуваат европските вредности.

Не може СДСМ да го победи растечкото незадоволство. Народот секогаш на крајот победува. Македонија ќе победи.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре