Главната пречка за напредок се Зоран Заев и неговата клептоманска влада

Соопштение до јавноста

Македонија е држава на многу проблеми, а изворот на сите тие проблеми е криминалната и коруптивна влада.

Не само што Заев и СДСМ не се борат против корупцијата, туку криминалниот картел сместен на „Илинденска бб“ стана главното дувло на корупцијата во Македонија. Македонија за прв пат во историјата доби негативен извештај од Советот на Европа за справувањето со корупцијата. Владата на Заев и СДСМ добија незадоволителна оценка за борбата со корупцијата.

Европа не може да замижи пред низата криминални тендери и грантови доделени на високи државни и партиски функционери на СДСМ. Европа не може, а да не го види холивудскиот грабеж кој СДСМ го спроведува во Македонија, грабеж во кој за само неколку недели тежеше афери од 45 милиони евра државни пари.

Криминалното владеење на Зоран Заев додека беше градоначалник на Струмица и неговите методи ,,Едно евро за Вицето, едно евро за црквата’’, сега ги употребува додека седи во премиерската фотелја. По стапките на Заев чекори и целата локална и централна власт, бидејќи знаат дека на крајот тие како и нивниот шеф ќе биде амнестирани од заробениот правосуден систем под контрола на СДСМ. Но тоа не ги амнестира од одговорност, затоа што владеење на правото мора да има

Јасно е дека антидржавните политики на Заев и СДСМ нема да не доближат до ЕУ и НАТО. Повеќе од јасно е дека Зоран Заев и неговата криминална влада се единствената пречка на Македонија до остварување на целта за членството во ЕУ и НАТО. Главниот проблем е криминалниот картел на власта, и клептоманската влада која управува со државата.

Македонските граѓани немаат проблем со својот идентитет туку со криминалните грантови и тендери кои станаа главна валута за исплата на партиските послушници.

Народот знае дека за Македонија да победи, Зоран Заев мора да си замине!

          Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...