Додека граѓаните мака мачат со секојдневните проблеми, Шилегов времето за работа го користи за разгледување и купување на викендички вредни неколку десетици илјади евра

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата  на Ирена Попова

Петре Шилегов во овие 10 месеци не изработи апсолутно ништо. Нема ниту еден проект со кој ќе се пофали пред жителите на Град Скопје.

Наместо Шилегов и СДСМ неспособноста да ја префрлаат на друг, треба да ги засукаат ракавите и за започнат да прават нешто за решавање на проблемите на граѓаните.

После 10 месеци локална власт Шилегов не може да се помири со фактот дека тој никогаш нема да може да го наследи Коце Трајановски.

Граѓаните добро знаат кој колку и што направи за Град Скопје и скопјани.

Единствена тема на разговор изминатиот период помеѓу Скопјани се комарците и кучињата скитници, наместо некој капитален проект од кој најголема придобивка ќе има граѓаните.

Додека граѓаните мака мачат со секојдневните проблеми, Шилегов времето за работа го користи за разгледување и купување на викендички вредни неколку десетици илјади евра.

Петре Шилегов е најнеспособниот и најнеуспешен градоначалник на Град Скопје.

Ако во првите 10 месеци вака се однесува и се грижи за интересите на граѓаните тогаш разочарувањето од ден на ден е се поголемо.

Граѓаните се жртва на неодговорната политика на Шилегов и СДСМ и затоа најдобро е Шилегов веднаш да си поднесе оставка.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...