Апсолутна лага е дека се зајакнува идентитетот со договорот со Грција, туку напротив, тој слабее и се уништува

Одговор на прес конференцијата на Костадин Костадинов на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Договорот со Грција не отвора никаков пат како што тврдат од СДСМ, туку државата се носи во слепа улица. Апсолутна лага е дека се зајакнува идентитетот, туку напротив, тој слабее и се уништува.

Се доведува во прашање и институционалниот идентитет како клучен тренд марк на идентитетот на еден народ и држава. Пластично објаснето, како се заштитува идентитетот на нашата земја, кога секоја државна институција која што го содржи зборот Македонија треба да биде избришан согласно договорот на Зоран Заев. Тоа е директен удар врз идентитетот на нашата земја и на нашата нација.

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...