Што треба да се случи за Оливер Спасовски да си даде оставка?

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Оливер Спасовски

Што треба да се случи за Оливер Спасовски да си даде оставка? Уште колку млади момчиња треба да ги загубат своите животи, за Спасовски да понесе одговорност за катастрофалната безбедносна состојба во државата? Уште колку семејства треба да бидат завиени во црно за да проработи неговата совест?

Очајничките обиди на Спасовски за манипулација со јавноста во најмала рака се срамни. Тој со ваквите изјави каде замижува пред зголемената стапка на криминалитет дополнително ја влошува безбедносната состојба во државата и им дава закрила на насилниците и криминалците. Криминалците добиваат сила и уверување дека Спасовски нема никаква намера да се справи со нив, и да ги изведе пред лицето на правдата.

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати предупредуваше дека владата на СДСМ е во коалиција со криминалното подземје. Сега за ваквата коалиција цената ја плаќаат граѓаните на Македонија кои живеат во страв за своите и животите на своите најблиски.

Спасовски е најодговорен за ваквата безбедносна состојба во Македонија и мора да понесе одговорност. Тој како министер е најодговорен за дузината неразрешени свирепи убиства, за физичкото насилство по улиците и зголемениот наплив на криминал. Одговорност за сево ова мора да има, бараме оставка од Спасовски веднаш.

 

 

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести