Ништо не може да го испере предавството и капитулацијата на Зоран Заев, тој не смее ни да спомене Македонија

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ниту цело Министерство за вистина ниту остатокот од некогашната голема СДСМ не можат да го исперат предавството и капитулацијата на Зоран Заев.

Заев ништо не го пере- тој не смее да спомене Македонија. Затоа повеќе Заевиот клан нема да ги прелажува граѓаните, тие го испратија својот одговор.

Нема простор за дилеми и нејаснотии, Македонија, Македонците, македонското за секогаш треба да бидат избришани согласно Заевото прифаќање на грчките позиции. Владата и СДСМ немаат ниту збор за грчките комисии и бришењето на историјата, а лажно се поттураат интеграциите како мамка. Со тоа се дава многу лоша слика за вистинските европски вредности и интеграциите.

Во договорот и јасно и појаснето е дека нема да има Македонски Театар, Македонска Академија, Македонска телевизија, Македонска репрезентација.

Всушност, и грчкиот премиер Ципрас објави дека владата на Заев упорно лаже, а Владата на Заев молчи!

Ципрас и Грците многу повеќе знаат за тоа што прави Заев кој и онака постојано комуницира со нив, а Македонците ги ловат пораките преку грчките медиуми.

Македонците никогаш не биле повеќе понижени, а нивното минато, сегашност и иднина никогаш не биле толку загрозени. Колку подолго Заев и кланот се на власт, толку поголеми и понепоправливи ќе бидат штетите. Но на крај, правото и правдата ќе бидат задоволени, а Македонија ќе победи!

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Најгоре