Заев да не се однесува адолесцентски, ако верува дека има доверба од граѓаните нека не се плаши од техничка влада и да излезе на избори

Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Како ќе ја искоментирате изјавата на Зоран Заев во врска со техничка влада?

Одговор: Јасно и концизно беа договорени одредени работи уште во март помеѓу партиите во текот на преговорите коишто ги водеа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и концептот за финансирање на партиите беше договорен кој исто така видовме дека го поздравија сите политички партии.

Меѓутоа беше договорено и техничка влада по примерот на Пржинскиот договор каде што ќе има технички премиер и министри со право на вето.

Веднаш потоа ВМРО-ДПМНЕ како што знаете се врати во Собранието и продолжи да функционира и да работи на подобрување на законските и реформските процеси се со цел подобрување на функционирањето на државата.

Единствен кој во моментов се однесува адолесцентски тоа  е Зоран Заев, кој ако ја има довербата на граѓаните како што вели слободно може да прифати се и воопшто да не се плаши да прифати техничка влада, да излезе на избори, и ако ја има довербата да победи. Но затоа што не е така затоа е целата оваа ситуација.

Поврзани вести

Најгоре