Срамно е Заев да говори за иновации кога под водство на СДСМ државата е последна во регионот и бележи пад од 27 места

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Зоран Заев

СДСМ нема направено ниту една мерка од корист за граѓаните. Повеќе од една година економијата тоне, а бизнисите преживуваат.

Македонија за 2018 година бележи пад од катастрофални 27 места на скалата за иновативност, според Светската организација за мерење на иновативност. Ова е уште еден показател за неспособноста на владата на СДСМ.

Ниту Заев, ниту СДСМ немаат визија за тоа како да ја водат државата, тие немаат ронка инвентивност и иновативност, ниту пак проекти и план како Македонија да ја движат напред. Во очајнички обид чекајќи решенијата на проблемите со кои се соочуваат граѓаните да им паднат од небо, вршат предавства на сопствената држава на сите страни.

Во најмала рака за владата на СДСМ е срамно да говори за иновации кога под нивно водство државата е последна во регионот и по падот од 27 места за една година сега се најде на 84 место во светот, а Македонија ја поминаа сите нејзини соседи.

Државата не може да напредува и да се води со наместени тендери, за роднини, пријатели  и партиски послушници, државата не може да се води без визија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...