Одговор на новинарско прашање на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Како го коментирате денешното апсење на градоначалникот на СДСМ на Ново Село?

Одговор: Да, па веќе запознаени сме од медиумите со случајот, градоначалникот на струмичкото Ново Село кој што е меѓудругото и од редовите на СДСМ не е единствениот функционер на СДСМ за кој што има индиции дека е поврзан и инволвиран во сериозни криминалии. И подолго време кружат информации помеѓу граѓаните дека е инволвиран во ваков сериозен криминал. Меѓутоа наместо обид за дефокус во јавноста СДСМ треба малку повеќе да се позанимава, очекуваме кривичните органи да постапат по случаите каде што се делат и милионски тендери во РЕК, исто така да се испита и вмешаноста на камионите на Зоран Заев и на неговиот брат кои што се во РЕК, детално да се проверат сите бизниси и на Заев и на Анѓушев, но и на фирмите кои што се донатори на СДСМ и имаат донирано во овие година дена во партијата, кои што имаат сомнителни набавки и така натака. Бидејќи и сметаме дека сето ова е само еден дефокус, има многу поголеми криминални бизниси кои што треба да се истражат и да се сноси соодветна одговорност.

Поврзани вести

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...