Со урбанистичкиот план кој го донесоа Марин и СДСМ, наместо нови зелени површини ќе се градат нови станбени блокови

Интегрален текст изјава за медиуми на Дејан Митески

Почитувани,

Денеска се наоѓаме на локацијата за која на седница на Совет на Аеродром мнозинството предводено од СДСМ донесе нов урбанистички план и наместо нови зелени  површини, одлучи да се градат нови станбени блокови.

Златко Марин предизборно ги лажеше граѓаните.

Марин објави дека ќе гради нова инфраструктура и зелени површини, меѓутоа бројките кажуваат друго.

Златко Марин лаже кога вели дека ќе гради нова инфраструктура. Во урбанистички план со површина од околу 6 хектари, единствена нова инфраструктура која е предвидена е за потребите на новите висококатници кои се предвидуваат со урбанистичкиот план.

Она што е позагрижувачко е површината за зеленило во рамки на планот.

Имено, од вкупно 63.000 м2, колку што изнесува планскиот опфат, верувале или не, само 1.354м2 се предвидени за зеленило или во проценти само 2,15% зеленило во рамки на ДУП-от.

За каков интерес на граѓаните зборува Марин со само 2% зеленило во ДУП-от. Или можеби за Марин “граѓаните” се припадниците на картелот на власт, кои треба да градат над 90.000м2 нов станбен и деловен простор?

Наместо вистински нови зелени простори, содржини за спорт и рекреација, детски игралишта, Златко ги заборави ветувањата од пред избори и брзо се насочи кон уништување на зеленилото и изградба на нови згради.

Марин ветуваше нови зелени површини, транспарентност и работење во интерес на граѓаните, сега се што прави е дијаметрално спротивно од ветуваното за време на избори.

Тагови: , , , , , , , , ,

Поврзани вести