Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство

Соопштение до јавноста

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство.

Таа покажа дека законите не важат за криминалниот картел на СДСМ, а нивните функционери слободно може да бараат поткуп и да тонат во корупција.

Одлуката да се ослободи Зоран Заев во процесот каде што беше обвинет за поткуп не изненади никого. Jавностa е свесна како работи судството под политички притисок на власта.

Ваквите срамни пресуди се уште еден доказ дека судските процеси се со веќе познат исход.

Ваквото судење е потценување на секој граѓанин кој го слушна и виде сведочењето на оштетениот бизнисмен кој под заклетва тврдеше дека Зоран Заев во својство на градоначалник му барал поткуп за секој квадратен метар земјиште и тоа по едно евро за црквата, едно евро за партијата и едно евро за Вице.

Пресудите се склопуваат од страна на криминалниот картел во власта, а формално се изрекуваат од судиите кои се соочуваат со бројни закани или награди, со кои што власта го принудува правосудството да работи по нејзин терк.

Со денешната пресуда на дело се потврди неказнивоста на власта.

Вчерашната судска пресуда не е правда. Вчерашната судска пресуда е неправда.

Ваквата пресуда на судот внесува дополнителна несигурност кај граѓаните и чувство на немоќ против корумпираните моќници. Во исто време испраќа порака до сите неисомисленици дека судството стана главна политичка алатка на СДСМ за пресметка со сите оние кои не размислуваат како нив.

Зоран Заев е по втор пат амнестиран политичар за очигледен криминал!

Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и со одговорност за криминално однесување !

 Судството мора да се реформира и ќе се реформира кога криминалниот картел ќе си замине од власт.

ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, сите оние разочарани и излажани од Зоран Заев и криминалниот картел кој го води, на голем антивладин собир на 02 јуни во 20 часот пред зградата на Владата на Република Македонија.

Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови: , , , , , , , , ,

Поврзани вести

Најгоре