Дуото Тевдовски-Анѓушев конечно признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Кочo Анѓушев и Драган Тевдовски

Дуото Тевдовски-Анѓушев конечно признаа дека се неспособни да ја водат економијата на државата.

 Економијата тоне, градежништвото стагнира, капитални инвестиции само во првите 3 месеци изнесуваат 7.4 %, а раст на БДП-то е на најниско можно ниво во Европа и во регионот и истиот изнесува 0 %.

Неподготвените проекти и неефикасните тендерски постапки се директна последица на незнаењето и неспособноста на картелот на власт, кои ги ставаат своите интереси над интересите  на граѓаните и државата.

Нивната неспособност се виде кога речиси цела година држеа готов автопат изграден од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, само поради проблем со преместување на една бандера.

Влада предводена од економското цунами  Заев, Тевдовски и Анѓушев во делот на инфраструктурата и капиталните инвестиции не започна ниту еден нов проект кој од самиот почеток, од проектирање, би го започнала оваа влада, па дури и да е во фаза на проектирање.

 За да се оствари растот треба работа, визија и знаење, а не блокади, укинувања и најави за уривање.

Ова е евтин политички популизам од кои нема полза ниту државата, ниту граѓаните. Граѓаните и државата имаат потреба од реални проекти и работа. Оваа ненародна власт тоа не го може. СДСМ мора да си замине.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тагови: , , , , , ,

Поврзани вести

Најгоре