Влатко Стојаноски е член на ВМРО – ДПМНЕ од 2007 година. Средно образование завршил во СОУ „Ристе Ристески – Ричко “ во Прилеп, насока – компјутерска техника и роботика. Студент е на филолошкиот факултет ” Блаже Конески ” во Скопје, македонски јазик и јужнословенски јазици, и на шумарскиот факултет во Скопје.  Во 2008 година е избран за Претседател на Средношколската Унија на УМС на ВМРО – ДПМНЕ Македонски Брод. Од 2011 година е организационен секретар на ОК на УМС на ВМРО – ДПМНЕ во Македонски Брод. Стојаноски во 2013 е избран веќе Потпретседател на УМС Македонски Брод, додека во 2014 година е избран за Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, Македонски Брод.  Член е на Републичката комисија за образование при УМС во полн мандат од 2013 година. Тој е избран за Советник во Советот на општина Македонски Брод на локалните избори во 2017 година. Одлично зборува англиски јазик, а има посетено и неколку обуки и семинари во организација на ЕУ, ЕЛСА, РСИ и Конрад Аденауер. Член на Извршниот Комитет на УМС од 16.04.2018 година.

Најгоре